Почеток на преговори со ЕУ во јуни 2019-та, под четири услови

Советот на Европската Унија препорача условен датум за почеток на преговори на Македонија за членство во Унијата во јуни 2019 година.

За да бидат отворени преговорите, Македонија ќе мора да исполни четири услови: 1) да ги спроведе итните реформски приоритети, 2) да го спроведе договорот со Грција, 3) да добие позитивен извештај од Европската Комисија и 4) одлука од Советот на ЕУ.

Јоханес Хан, европскиот комесар за проширување на Европската Унија, на Твитер вечерва изрази задоволство од таквата одлука.

„Драго ми е што Европскиот совет, после долга дебата, го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“, напиша Хан.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -