Кралицата на соул-музиката со моќен глас ја изгуби битката со болеста и денеска почина во Детроит.
Пред само неколку дена светските медиуми објавија дека Арета Френклин се наоѓа во тешка здравствена состојба. Во 2010 првпат ѝ беше дијагностициран рак, а таа се повлече од музичката сцена минатата година.
Целиот свој живот таа имаше исполнета и активна кариера на соул и блуз сцената. Зад себе остави голем број безвременски хитови кои никогаш нема да бидат заборавени.