Почина Б.Б Кинг

Блуз легендата BB King почина на 89 годишна возраст во Лас Вегас. Тој се смета за најголем гитарист и изведувач на блуз.
Рајли Би Кинг, како што е неговото вистинско име, е роден на 16 септември 1925 година во мал град во јужната држава Мисисипи. Првично се манифестира како земјоделец, а на гитара свири во слободно време.
За првпат BB King излегува на сцената во 1946 година во Мемфис. Започнува тешко и треба привремено да се повлече, но не се откажува засекогаш од музиката. Одлучува да се подготви подобро и повторно се враќа на сцената две години подоцна во 1948 година.

Првично работи во R & B радиото WDIA како пејач. Таму тој го добива епитетот „Блусовото момче од Бил Стрит“, кое подоцна се скратува до Б.Б. Првиот албум го издава во 1949. Од 50-тите години на минатиот век тој се појавува триумфално на музичките сцени во целиот свет. Една од најпознатите негови композиции е The Thrill Is Gone (1969).

Критичарите го нарекоа BB King – најсофистицираната соло гитара. Тој се наоѓа на 6-то место на листата со 100-те најдобри гитаристи на сите времиња.  Неговиот стил влијаел на музичари како Ју-ту  и Ерик Клептон.

- Реклама -