Почина Џејмс Ејвори: Чичко Фил од серијата „Свежиот принц од Бел-Ер“

Џејмс Ејвори почина на 65-годишна возраст, во болница во Лос Анџелес во вторникот, 31-ви декемри.

James Avery Dead at 65: Fresh Prince of Bel-Air's Uncle Phil Dies in L.A. Hospital

Актерот е познат по својата улога на чичко Фил во серијата „Свежиот принц од Бел-Ер“. Според американските медиуми, Ејвори неодамна бил подложен на хирушки зафат за срцева болест. Неговата сопруга, Барбара Ејвори беше во болницата за време на неговата смрт.

James Avery

Ејвори глумеше во „Свежиот принц“ со Вил Смит од 1990-1996. Набрзо по неговата смрт, неговиот син од серијата, Алфонсо Рибеиро, се обрати за неговата смрт преку Твитер. „Со длабока жалост кажувам дека Џејмс Ејвори почина. Тој ми беше како втор татко на мене. Ќе ми недостига неизмерно“, напиша 42-годишниот актер.

Ејвори се има појавено и во неколку други серии, вклучувајќи ги Џејми Фокс Шоуто, Дивизијата, Тоа 70-тити шоу, Поблиску и Вовед во анатомија.

- Реклама -