Актерката била пронајдена мртва во клиниката за одвикнување, а на рацете имала убоди од игли.
Актерката која се прослави по улогата на привлечна русокоса во серијата „Луди 70-ти“, Лиса Робин Кели, почина во средата на 43-годишна возраст. Според Daily Mail, Лиса доживеала срцев удар два дена откако се пријавила на клиниката за одвикнување од зависности, а нејзините раце биле покриени со убоди од игли.
„Лиса добороволно се пријави во центарот за рехабилитација оваа недела затоа што долго време се бори со зависности. Разговарав со неа во понеделникот – беше расположена и полна со самодоверба. Изгледаше дека животот со зависности беше далеку зад неа. Но, во средата навечер ја изгуби битката. Се уште не ја знаеме причината за смтта“, изјавил нејзиниот агент Крег Вајкоф.
Нејзиното ново момче кое ја одвело во клиниката тврди дека трагите од игли не се од земање дрога туку од повеќе пати вадење крв откако во неделата завршила во болница поради прекумерно конзумирање алкохол. Тој тврди дека Лиса немала проблеми со дрогата туку со алкохолот. За се го обвинува нејзиниот поранешен сопруг од кој се разведе годинава тврдејќи дека тој е виновен за нејзината лоша психичка состојба.