Сем Кели, британскиот актер најпознат по улогата на Ханс Геринг во серијата „Ало, Ало“, почина на 70-годишна возраст.
Неговата агентка, Линда Ронан соопшти дека Кели починал по „долгата болест против која долго време храбро се бореше“.
„Зад себе не го остави само семејството, туку и многуте пријатели кои беа негово избрано семејство“, додала таа.
Кели, роден во Манчестер, го глумеше нацистот Ханс Геринг во првите четири сезони на „Ало, Ало“ од 1982 до 1987 година, а пред тоа во Велика Британија беше познат по улогата на Бани Ворен во „Porridge“. Тој настапуваше и во „Barbari“, „On The Up“, и „Grown Up“, а донеодамна го толкуваше и Волшебникот од Оз во претставата „Wicked“ на Вест Енд.