Холивудската легенда Мики Руни почина на 93 годишна воздраст, во својата куќа во Лос Анџелес. Добитник на два оскари, има снимено над 200 филмови, и се оженил дури осум пати.
Актерот, кој е познат по филмовите во триесеттите и четириесеттите години на минатиот век, почина во неделата, јавува сајтот TMZ.
Тој е познат по улогите покрај Џуди Гарленд и Елизабет Тејлор.
Роден во Бруклин, а на филм за прв пат се појавува кога имал 18 години.
До 1965 година има снимено над 200 филмови и заработил повеќе од три милијарди долари.
Во текот на филмската и музичката кариера која траела осум децении, Руни бил номиниран четири пати за Оскар, а освоил два, вклучувајќи ја наградата за животно дело во 1983 година.
Руни се женел осум пати, а една од неговите сопруги била филмската убавица Ава Гарднер. Голем дел од заработеното богатство го потрошил на алиментации, поради кои во еден момент банкнотирал.
И покрај големиот успех, Руни своевремено признал дека славата го принудила да порасне премногу брзо. Тој рекол дека во триесеттите години се чувствувал како стогодишен.
Со филмот, телевизијата и театарот се занимавал и откога наполнил осумдесет години.