Почина легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ

На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на Југославија и на независна Македонија, Лазар Лечиќ.

Лечиќ беше истакнат тренер, и остави длабока трага во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија.
Популарниот „Грк“ кусата играчка кариера ја почнува во 1957 година во Работнички, каде што останува пет години кога решава да се префрли во тренери. Од 1962 па во следните десет години седи на клупата на тимот од „Градски парк“ по што минува една сезона во Борац Чачак и две во Олимпија Љубљана. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула. Во 1975 година се враќа во својот Работнички, по три сезони повторно да замине кај Олимпија, па во Војводина. Од 1983 до 1988 годна седи на клупата на МЗТ Скопје по што има двегодишна епизода во грчки Арис (1990-1992). Во 1996 година повторно кус период е тренер на „металците“, за последната тренерска работа да му биде со шампионската генерација на Никол Ферт во сезоната 1999/2000.

Извор