Почина мајката на Бред Пит
Џејн Ета Пит, мајката на славниот холивудски актер Бред Пит, ја напуштила оваа страда во своите 85 години. Тажната вест беше објавена на социјалните мрежи од нејзината внука Сидни, ќерка на Бредовиот брат, Даг. Нејзината емотивна објава ги трогна многумина.
- Не бевме подготвени за твоето патување, но помислата дека сега можеш повторно да пееш, танцуваш и сликаш, барем малку ја ублажува нашата болка – напиша Сидни покрај фотографиите со својата баба.
Таа истакна колку Џејн била несебична, обилувајќи со љубов и посветеност кон своето семејство.
- Ме научи како да сликам, како да бидам силна, како да бидам љубезна и како да го сакам Исус во секој момент. Научив и како да наоѓам радост во малите нешта – додаде Сидни.
Џејн Ета Пит беше поранешна семејна советничка, позната по силните семејни вредности што ги пренесе на своите деца.
Семејството на Бред Пит сè уште не објавило официјална изјава во врска со нејзината смрт.




