Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер почина денеска од мозочен удар на 87-годишна возраст, јави BBC.
Таа беше позната како „Челичната дама“. Тачер во 1974 година стана првата претседателка на Конзервативната партија на Велика Британија, а потоа и прва претседателка на Владата на Обединетото Кралство и ја извршуваше функцијата од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.
Маргарет Тачер се памети по својата одлучност повеќе од кој било друг политичар од тоа време. Позната е по блиските односи со американскиот претседател Роналд Реган.