Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Фото: Фејсбук профил на Ристе Трајковски

На 44 години почина негувателот во скопската Зоолошка градина, Ристе Трајковски. Информацијата ја потврдија вработени во ЗОО Скопје.

– Ристе починал измината ноќ во неговиот дом, ние утрово слушнавме за тоа. Утринава нѐ пресретна работниот ден со тажна и многу страшна вест. Не знаеме од што починал. Утре е погребот, велат вработените.

Нешто подоцна во текот на денот угинала и Флопи, последната жирафа во скопската Зоолошка градина, која имаше околу 10 години.

– Обдукцијата е во тек, не може официјално да се излезе со информации, велат вработени во ЗОО Скопје.

За случувањата во ЗОО Скопје се обидовме да стапиме во контакт со директорот на ЗОО Скопје, но до објавување на веста, не добивме одговор.

МИА

- Реклама -