Почина познатиот актер по тешката болест

Ѕвездата од популарната серија „Homeland“, Џејмс Ребхорн, почина на 66 годишна возраст.
Џејмс Ребхорн е познат по улогата во серијата „Homeland“, каде играше секогаш загрижениот татко на Клер Денс.

Познатиот актер почина во неговиот дом во Њу Џерси во петокот вечерта по долго боледување на рак на кожата.

Screenshot_5

Сопругата на Џејмс, Ребека откри дека тој бил дијагностициран со меланом во 1992 година и оттогаш е на медицински третман. Неодамна состојбата на неговото здравје се влошила и медицинска нега добивал во својот дом.

Ребхорн глуми пет децении, а некои од филмовите во кои се појавил се: ‘Meet the Parents’, ‘Scent of a Woman, ‘Independence Day’, ‘The Game’, ‘The Talented Mr. Ripley’.

- Реклама -