Поради напливот на новитети во овој сегмент многумина веќе и дадоа епитет на претстојната 2016 дека ќе биде година на најбрзите модели на планетава. Во трката за брзините се вклучуваат и некои нови производители.
Годината започна со премиерата на полската супер новина Arrinera Hussarya GT, создадена да учествува во GT сериите. Сепак, ова е само еден од автомобилите од овој сегмент, кои претстои да го видиме во текот на годината. По серија од банкроти производителите на супер модели полека се опоравуваат. Компании како Wiesmann и TVR најдоа нови инвеститори, а Morgan доби сериозна поддршка од британската влада, а овие средства ќе одат за развој на хибридни енергетски агрегати.
Во Бирмингем беше прикажан суперлесниот Avatar Roadster. Ова е втор модел на тркачката поделба на компанијата Marlin Engineering, која се занимава со производство на кит-кар изведби. Каросеријата на родстерот е направена од четири панели од јаглеродни влакна, а предниот и задниот дел се сосема лесно заменливи. Машината е опремена со 2,0-литарски мотор Ford EcoBoost, развива 252 КЅ, што е сосема доволно за тежината од 700 килограми. Има и помоќна верзија со 2,3-литарски мотор од Ford RS, која развива 350 КЅ. И двата мотори се во комбинација со рачен менувач од претходната генерација на Porsche Boxter. Кабриолетот ќе нуди доста сиромашна опрема, бидејќи е подготвен за учество на трки. За сметка на тоа сепак се достапни диференцијал со зголемено триење, систем за сопирање, противпожарен систем и телеметрија. Лимитираната серија е од 25 единици.
Компанијата TVR банкротира откако стана сопственост на Русинот Николај Смоленск, но веќе се враќа во живот. Група инвеститори чело со Лес Едгард спаси дел од она што можеше од фирмата и таа се подготвува да лансира неколку нови модели. Првиот од нив е купе со заден пренос и V8 мотор со моќност од околу 470 КЅ. Каросеријата на машината ќе биде од јаглеродни влакна и други композитни материјали, а ќе следува технологијата iStream развиена од креаторот на McLaren F1 – Гордон Мареј. Се очекува од моделот да бидат пуштени во продажба околу 250 примероци, а претстои да биде избрано и име на возилото. Варијантите, барем засега, се две – Sagaris или Tuscan.
Овој автомобил беше презентиран за време на салонот во Детроит. Неговиот дизајн е дело на Хенрик Фискер, поранешен шеф на компанијата Fisker кој од минатата година е дел од VLF Automotive. Излегувањето на Force 1 V10 предизвика сериозен скандал, бидејќи од Aston Martin го обвинија Фискер во копирање на стилот на нивниот нов модел DB11. За возврат американскиот дизајнер го даде британскиот производител на суд, кој ќе треба да го реши спорот. Самиот автомобил сепак веќе е на пазарот, а од него ќе бидат произведени 50 примероци. Цената на секој еден од нив е 268.500 долари. Заоваа сума клиентот добива каросерија од јаглеродни влакна и 8,4-литарски V10 со моќност од 755 КЅ. Менувачот е 6-брзински мануелен или автоматски со ист број брзини, кој обезбедува забрзување од 0 до 100 km/h за 3 секунди и максимална брзина од 350 km/h.
Несомнено ова е една од најочекуваните премиери на годината. Наследникот на Bugatti Veyron ќе биде претставен на саемот во Женева во март. Се очекува неговиот дизајн да се доближи до оној на виртуелниот Bugatti Vision GT развиен за симулаторот Gran Turismo. Тест прототип на машината веќе беше снимен за време на испитувањата. Моделот го носи презимето на легендарниот пилот од 20-тите години на минатиот век Луис. Се очекува хипер моделот да развива околу 467 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае 2,2 секунди. Погонски агрегат на Chiron ќе биде 8,0-литарскиот бензинец со 4 турбини и вкупна моќност 1.500 КЅ Цената по која ќе се продава возилото е повеќе од импресивна – 2,2 милиони евра.
Во Женева компанијата Aston Martin ќе го покаже новото купе DB11 што заменува DB9. Пропуштањето на еден број е вина на Џејмс Бонд, бидејќи во последниот филм за британскиот агент видовме создаден специјално за него DB10. Засега за DB11 нема многу детали, но сепак од компанијата производител открија дека машината ќе се потпира на 5,2-литарски V12 со две турбини. Значи тоа ќе биде првиот модел на брендот, опремен со турбо мотор. Се претпоставува дека за неговиот развој е користена помош на Mercedes-AMG. Она што се знае уште дека каросеријата ќе добие виртуелена инструментална табла. А, голем дел од ентериерот беше претставен на саемот за електроника во Лас Вегас, каде Aston Martin демонстрира токму како ќе изгледа ентериерот на идните модели на марката.
Pagani Huayra BC
Повторно во Женева, ќе дебитира и најмоќна верзија на Pagani Huayra, која ќе добие наставка BC. Од машината ќе бидат произведени само 20 примероци, а тоа ќе биде последната модификација на возилото, која го добила името по индискиот бог на ветровите. Карактеристиките на најмоќната Huyara засега се чуваат во тајност. Стандардниот модел располага со V12 мотор со 730 КЅ. Овој мотор е создаден од Mercedes-AMG специјално за Pagani Automobili.
На швајцарскиот саем за прв пат пред публика ќе се појави и супермодел на компанијата Apollo Automobil. Според некои податоци тој ќе го носи името Arrow. Всушност Apollo Automobil е производителот на суперавтомобили Gumpert Sportwagenmanufaktur, но без нејзиниот основач Роланд Гумперт. Новиот сопственик на компанијата е кинескиот холдинг Consolidated Ideal TeamVenture кој досега има само еден модел – серискиот Apollo. Во 2009 година овој автомобил постави рекорд на Нирбургринг и токму на неа беше именувана новата компанија.