Почна производството на новата Insignia

Opel најави дека  во фабриката на компанијата во Риселсхајм почна сериското производство на целосно новата генерација на Insignia Grand Sport. Првиот претставник на возилото е во бела боја, а погонот му е преку  2.0-литарскиот турбодизел мотор со 170 коњски сили.

– Го очекувавме овој миг долго време – нашиот предводник конечно пристигна. Ова е важен ден за Opel и Риселсхајм, истакна Карл-Томас Нојман, извршен директор на Opel, за време на официјалната церемонија на отворањето на производството на втората генерација на Insignia.- Инвестиравме повеќе од 500 милиони евра, за да се подготвиме за производство на нашиот нов предводник, кој се надеваме дека ќе ги продолжи успесите на својот претходник, од кој се реализирани 940.000 примероци, што му го донесоа на моделот четвртото место по успешно пазарно претставување во историјата на брендот.

Првите три претставника на Insignia Grand Sport, која беше претставена заедно со верзијата Sports Tourer, неодамна на салонот во Женева, се наменети за клиенти во Полска, Данска и Германија, а клиентите на Opel ќе имаат можност да се запознаат одблиску со автомобилите во продажните центри на брендот од летово.

- Реклама -