Почнува одбројувањето за испраќање луѓе на Марс

Оваа година Марс и Земјата ќе бидат најблиску една до друга. Ако сега го пропуштиме возот, или подобро речено – вселенскиот брод, следната ваква шанса ќе ја имаме дури за 15 години.

Толку близу, а толку далеку

Во јули, исто така, Земјата и Марс ќе бидат најблиску една до друга во последниве 15 години. Марс ќе се најде во точката на својата елиптична орбита која е најблиску до Сонцето, додека Земјата истовремено ќе помине меѓу Марс и Сонцето.

Планетите ќе бидат оддалечени една од друга „само“ 56 милиони километри, што по наши (Земјански) стандарди е огромна далечина, но релативно скромна од перспектива на меѓупланетарно патување.

Теоретски, патувањето кон Марс во една насока во ваква позиција на планетите би траело нешто повеќе од 200 дена. Инаку, патувањето би траело 250 дена.

За жал, сé уште не сме спремни да пратиме луѓе на Марс годинава, но во последно време остваривме значителен напредок со роботите и роверите. Ќе треба уште доста да научиме за да можеме безбедно да слетаме луѓе на Марс, а часовникот отчукува.

NASA планира првата мисија на Марс да ја испрати токму во следната прилика, за 15 години, кога Марс и Земјата повторно ќе бидат близу како годинава. Илон Маск и неговата SpaceX, меѓутоа, се далеку поамбициозни – 2024 година.

Пак се поставува прашањето: Ќе бидеме ли подготвени? За да оставиме човечки траг на Марс во следните 15 години, прво ќе треба да совладаме три големи предизвици: ракетите, немирот и радијацијата.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Следува краток преглед на проблемот, како и плановите околу тоа како да биде решен.

Првиот проблем е: Транспортирање на луѓе на Марс кошта. Со денешната технологија, цената на мисија која би вклучувала и враќање би се движела некаде меѓу 100 и 500 милијарди долари. Единствен начин за значително да се смали трошокот е да направиме ракети за повеќе употреби.

Можно ли е тоа? SpaceX верува дека да. Веќе демонстрираа полетување и слетување на ракетата Falcon 9, а годинава е планиран првиот лет на ракетата Falcon Heavy. Ако сé помине успешно, тоа ќе биде значаен чекор напред кон докажување дека SpaceX е способна да прати вселенско летало вон Земјината орбита.

Што е следно? Со тек на време, SpaceX планира да ја замени својата флота со една ракета – BFR, која би била во можност да носи 100 луѓе и товар од 150.000 килограми.

Ќе бидеме ли спремни за 15 години? За во 2022 година се планирани две товарни мисии за BFR, додека во 2024-та би требало да се изведат уште два лета со товар, како и два лета со екипаж. Постојат релативно изгледни шанси дека за 15 години, ако не и порано, SpaceX ќе располага со ракета спремна за пат на Марс по прифатлива цена.

- Реклама -