Почнуваат воени вежби на Русија, Кина и Јужна Африка, ќе се тестира и ракетата „Циркон“

Русија, Кина и Јужна Африка денеска почнуваат заеднички воени вежби во Индискиот Океан, во близина на брегот на Јужна Африка, демонстрирајќи ги нивните блиски врски во време на руска инвазија врз Украина и заладените односи на Кина со Западот.

Десетдневните вежби наречени „Моси II“ ќе се совпаднат со првата годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари, а пристапот до медиумите ќе биде ограничен. Трите земји ги одржаа поморските вежби „Моси I“ во Кејптаун во 2019 година.

Руската фрегата „Адмирал Горшков“ оваа недела пристигна во Кејптаун, на која се буквите „Z“ и „V“, што се користи за симболизирање на руската инвазија во Украина.

Пристигнувањето на руската фрегата предизвика контроверзии во меѓународната јавност, бидејќи е опремена со најновите хиперсонични ракети „Циркон“, за кои Русија тврди дека „можат да пробијат каква било противракетна одбрана на море и на копно“. Планирано е проектилот да биде тестиран за време на вежбите.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

МИА

- Реклама -