Подготвени сме за роботи и вештачка интелигенција

Роботите веќе се дел од нашето секојдневие, без разлика дали го сакаме тоа или не.

Можеби не токму такви, како во филмовите, но ги има. Реално гледано дури смартфонот ви е еден робот кој може да направи многу нешта. И технологијата во денешно време се развива толку брзо што нема да почувствуваме кога еден филм како „Роботот и Франк” ( Robot & Frank) ќе стане реалност – машините ќе можат да мислат и чувствуваат, ќе бидат дел од нашите животи и за нас ова ќе биде нешто нормално.

Но го сакаме ли тоа? Или поточно поставено прашањето треба да биде: знаеме ли што сакаме и можеме ли да го постигнеме ?

Повторно настапува клишираната опашка со овој коментар, но тоа е неизбежно. Тешко дека само на нас ни се чини дека полека но сигурно одиме по патот што го изминаа многу филмски ликови, пред the machine overlords да ги уништат. Само помислете – машини кои ќе им помагаат на луѓето во „Матрикс” , роботи што олеснуваат животи во „Терминатор” . Дури не треба да зборуваме само за филмови – „Немам уста и морам да викам” (I Have No Mouth, and I Must Scream) на Харлан Елисон е соодветен пример во случајот.

И навистина одиме со главата напред кон светла (дали?) иднина.

Да започнеме со исклучително успешниот проект JAESA ? На прв поглед е подобра варијанта на Siri и Google Now , а всушност е неверојатно добро програмирана вештачка интелигенција, која може да води разговори, да бара веднаш информации на интернет и да распознава со кого зборуваме.

Реално тој може да го замени helper на вашиот smartphone (бил да е iPhone или Android), но потоа што? Од таму каде? Но, да не зборуваме само за вештачката интелигенција.

роботи
РОБОТИ 

Роботи-чувари ? Роботи работници ? Дури потенцијални воени роботи . Да, сето тоа може да изгледа одлично, развојно, иновативно и футуристички, но…

Сите се радуваме на успесите на човештвото во сферата на технологијата. Сакаме sci-fi и кога тоа се случува навистина е неверојатно! Живееме во време на постојани успеси и иновации и тоа е одлично, но треба да им се пријде внимателно, много внимателно, за да не испадне една лоша шега. Многу луѓе го гледаат ова сериозно.

Кога зборуваме за роботи и вештачка интелигенција, треба да се обрне сериозно внимание на две работи: влијанието на тоа врз просечен човек и безбедноста .

Зошто влијанието врз просечен човек? Па, замислете си – сакаме роботи за да ја работат нашата работа. Да составуваат производи во фабрики, да не чуваат, да војуваат наместо (или рамо до рамо со) нас. Општо земено да работат . Ова ќе влијае на платата и работните места за луѓе кои колку и да звучи ограничено нема да можат да работат друго. Тоа се луѓе со пониско образование или оние кои немале воопшто можност да се реализираат во одредена сфера поради одредени причини. Тие работат како чувари, градители или работници во фабрики за да се хранат себе и своето семејство. Не мислиме дека замената на оваа работна рака со вештачка ќе биде сто проценти од голема корист, бидејќи нејзината цена во оваа сфера ќе се намали драстично и тоа ќе влијае на пазарот. Да, сите производи ќе станат исклучително евтини, тоа е факт, но што да прават луѓето, кои што немаат можност да се занимаваат со друго. Да останат дома и да умираат од глад? Практично нема да остане ништо друго. Ако сакаме да го избегнеме тоа, треба да се обрне внимание уште од сега.

Прочитајте и:  Почеток на роботската револуција: Мини робот наговори 12 поголеми да побегнат со него

А што е со безбедноста? Многу едноставно. Никој не сака „Терминатор” да се случи навистина. И за да не се случи, треба да се пријде многу внимателно кон развојот на вештачката интелигенција и машините кои ќе дејствуваат. Супер-компјутери кои ќе мислат наместо најголемите умови на планетата, такви кои ќе ги решаваат проблемите и ќе се грижат за нас, не звучи особено смирувачки.

Да, ние сме ЗА развојот на квантните компјутери , но тоа е сосема друго. Сепак, за вештачка интелигенција, на кого да се потпираме? Некој ќе си каже „Да де, но компаниите кои се занимаваат со тоа се големи. Зад нив стојат гении и тие знаат што прават?“

Дали тоа значи дека Facebook е вистинскиот гигант, кој ќе почне да развива паметна машина. Умна машина која ќе знае сè за нас од дадената социјална мрежа? Не, веројатно!

Смирувачка звучи само идејата на Исак Асимов за трите закони на роботиката, кои ќе им помогнат на луѓето да се заштитат од можни проблеми. Но доволно ли е тоа? Ако една машина е паметна и може да расудува трезвено,  реална можност е таа да може да ги заобиколи овие команди или пак да го измени тотално програмирањето и оттаму приоритетите. За тоа сепак е рано (или барем така ќе си кажеме сега).

1. Роботот не може да предизвика штета на човек или со неактивноста да му дозволи на човекот да биде предизвикана штета.

2. Роботот е должен да се покорува на човекот, ако тоа не е во спротивност на Првиот закон.

3. Роботот е должен да се грижи за сопствената безбедност, ако тоа не е во спротивност на првиот и вториот закон.

Размислувањето може да личат на пост-апокалиптичен sci-fi филм , но претставува една реална можност, без разлика дали ја сакаме или не.

Кој е вашиот став на оваа тема?

- Реклама -