Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „диктаторот од Москва“ е спремен да дозволи загуба на голем број свои сограѓани во војната против Украина, ставајќи акцент на тоа дека ваквиот став треба да се сфати мошне сериозно. „Не успеваат да постигнат значителни успех во боевите операции. Нивните придвижувања во Доњецк и на други места се минимални, речиси незабележителни“, изјави Руте, упатувајќи се на актуелната ситуација на фронтот. Според него, подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги жртвува сопствените војници е сериозен аларм. „Тоа е лудо однесување на секое ниво“, нагласи генералниот секретар на Алијансата.
Руте истакна дека меѓународната заедница, а особено земјите членки на НАТО, мора да продолжат со силна и континуирана поддршка за Украина. „Нашата обврска тука, во оваа сала, е да осигуриме дека тие луѓе, кои се непоколебливи во својата одбрана и никогаш не се откажуваат, ќе добијат офанзивната опрема што им е потребна“, додаде тој. Оваа изјава доаѓа во момент кога војната во Украина продолжува со интензивен темп, а западните сојузници разгледуваат нови пакети за помош и дополнителна воена поддршка за Киев.




