Летото им е омилена сезона на децата – одмор, сонце, игри на отворено море …
Но, родителите знаат дека тука се кријат и многу непријатни изненадувања – каснувања од инсекти, изгореници, стомачни болести или моментални болки …
Еве неколку трикови кои ќе им бидат од корист на сите родители во текот на летото:
1. Замрзнете алое вера, за да можете потоа брзо да ги ублажите сончевите изгореници
2. Нема повеќе украдени предмети
Земете една сосема нова пелена, ставете ги внатре вредните предмети и заврзете ја со крпа, како да е употребена. Сигурно никој нема да ја допре. 🙂
3. Без песок на нозете
Секогаш носете со себе бебешка пудра, за да може полесно да го исчистите песокот од детските нозе.
4. Без дамки од сладолед
Ако ви е преку глава да му велите на детето да внимава, бидејќи сладоледот му тече, еве едно практично решение со хартијата за мафини
5. За мали уметници
Земете еден стар чаршаф и оставете го детето да ја ослободи имагинацијата, кога сте на отворено.
6. Прегледен автомобил
Користете организатор, за да го спакувате сето она што ви е потребно кога патувате со деца.
7. За складирање на овошје
Празните картонски кутии од јајца може да ги користите за складирање на овошје.
8. Оцет против убоди од инсекти
Намачкајте го каснатото место со јаболков оцет за да го намалите непријатното чешање.
9. Наредете го куферот
Планирајте ја облеката на детето по ден.
10. Чаршаф со ластик наместо пешкир
Така ќе го држите песокот однадвор.