Ford објави дека се направени одредени благи промени и подобрувања за палетата на комерцијалниот модел Transit.
Најголемиот претставник во гамата добива задна видео камера и систем на поддршка на поаѓање при влечење на приколка. Меѓу помалку важни промени се додавање на четири нови екстериерни бои, како и промената на позицијата на USB влезот во внатрешноста.
Што се однесува до 2016 Transit Connect, засега не се соопштува за новитети кај европската верзија, но во САД моделот добиваат 2.5-литарски мотор кој може да се напојува со алтернативни горива. За патничката верзија, ќе се нудат 17-инчни тркала за нивото на опрема Titanium, како и опционален систем за сигнализација при присуството на автомобил во мртва точка.