Подољак: Русија мора да биде поразена или почнува трета светска војна

Русија мора да биде поразена во Украина или конфликтот ќе предизвика трета светска војна, порача украинскиот преговарач и советник на претседателот Володимир Зеленски – Михаило Подољак.

Говорејќи за Украинската телевизија, тој предупреди дека ако Москва не загуби, тогаш рускиот „реваншизам и шовинизам само ќе се зголеми“.

Тој нагласи дека тоа ќе доведе до трета светска војна, нешто за што вели дека западните земји се свесни и што ќе ги натера да снабдуваат повеќе оружје, објави „Скај њуз“, пренесувајќи ги изјавите.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -