Минск, 3 март 2022 (МИА) – Завршија преговорите помеѓу Украина и Русија на полско-белоруската граница, при што е постигнат договор за заеднички да обезбедат хуманитарни коридори со привремен прекин на огнот.
„Русија и Украина треба да воспостават канали за комуникација и во блиска иднина заеднички да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, како и снабдување со храна и лекови“, изјави советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговорите, Микаило Подољак.
Тој додаде дека украинската делегација не ги доби резултатите на кои се надеваше и оти ќе го продолжи дијалогот во третата рунда преговори.
Додека лидерот на руската делегација Леонид Слуцки најави дека третиот круг разговори со Украина ќе се одржи следните денови.
„Договорите меѓу Русија и Украина наскоро ќе бидат одобрени на највисоко ниво“, додаде Слуцки.