На летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 18 часот, во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, ќе се одржи 17. традиционална меѓународна поетска манифестација „Поетско Маркукуле“.
-И оваа година манифестацијата предизвика огромен интерес кај поетите од Македонија и од странство. Прилеп повторно ќе биде центарот на поезијата и убавиот пишан збор, а присутните ќе имаат можност да уживаат во поетските восклици на присутните поети – вели Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп.
Ќе биде промовиран и Зборникот во кој се застапени околу 220 поети од десетина различни земји.