Поглаварот на ИВЗ го осуди вчерашниот терористички напад во име на исламот во Виена

„Со длабоко жалење ја чувме веста за терористичкиот напад во Виена, Австрија. Ја споделуваме болката со семејствата на жртвите и целиот австриски народ и истовремено силно го осудуваме секој акт на насилство извршен во име на исламот и муслиманите, а со цел да лиши човечки животи, да оштети верски објекти, да создаде хаос и терор на улиците на Европа, да ги поткопа темелите на меѓуверската толеранција и да предизвика општа недоверба во муслиманската заедница“, порача поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија – реисот Шаќир Фетаху, преку социјалните мрежи.

„На нападот во Виена му претходеше масакр во градот Кабул во Авганистан, каде над 22 лица беа убиени на саем на книги. Тоа јасно зборува за идеологијата на напаѓачите, чии дела се кукавички, неприфатливи и забранети во сите исламски учења. Се молиме на Големиот Бог такви дела да не се повторуваат во иднина“, додаде поглаварот на ИВЗ.

- Реклама -