Погледнете: фантастична мапа на светските ветрови

Мапата на светските ветрови е дело на софтверскиот инжињер Камерон Бекариј, кој користи податоци од неколку метеролошки извори за да создаде мапа за движењата на ветрот.Оваа интерактивна мапа се ажурира на секои три часа, така што им овозможува на посетителите во секој момент, со клик на одредена локација на планетата, точно да видат како изгледа на таа точка движењето на ветрот, која е неговата брзина и правец.

Глобусот на ветрови ги прикажува и сите пет големи морски струи, благите ветрови се прикажани со тенки зелени линии, силните со дебели жоплти, додека најсилните струење се обоени во црвено.

За собирање на податоци, сајтот ја користи базата на Националниот центар за заштита на животната средина, Националната метеролошка служба и Националната океанска и атмосферска асоцијација.

Светската мапа погледнете ја ОВДЕ

[youtube]http://youtu.be/u8339JpSnd8[/youtube]

- Реклама -