Погледнете го првиот британски клониран пес

Кон крајот на март на свет дојде Мини Вини, првото куче од Велика Британија кое настана по пат на клонирање, пренесува Метро.

Во октомври минатата година беше започнат натпревар чиј победник освојува награда вредна 63.000 фунти – односно клонирање на вашиот пес. Јужнокорејски научници стоеја зад понудата на наградата, а сите учесници во натпреварот испратиле видео од своите миленици.

Победничка била Ребека Смит (29), која осакала да ја клонира својата женка јазовичар, 12 годишната Вини. Таа изјавила дека е силно поврзана со неа, но дека знае дека нема да биде вечно тука.

„Моето момче често се шегуваше дека треба да ја клонираме. Потоа, ја здогледав веста за натпреварот и веднаш се пријавив“, рекла Ребека.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

„Што се однесува до нејзиниот карактер, се уште не може да се забележи дали е иста како Вини, бидејќи Мини Вини во моментов се уште не гледа, и наликува на мала колбасица која само се превртува и пие млеко“, се пошегувала сопственичката.

- Реклама -