New Century Global Centre во Кина е единственото место во светот каде што можете да се лизгате на мраз, да спиете во хотел со пет ѕвездички и да се печете на плажа, без дури да излезете од зградата.
Димензиите на оваа градба се: должина – 500 метри, ширина -400 метри, додека нејзината височина изнесува 100 метри. По своите димензии огромнната зграда може да се спореди со Монако.
Површината на зградата изнесува над 1 700 000 квадратни метри и во неа се наоѓаат канцеларии, бутици, IMAX со 14 кино сали, како и аква-парк.
Друг интересен факт околу најголемата зграда во светот е дека таа има сопствено „сонце”, кое свети 24 часа на ден.
Огромната зграда била изградена во времетраење од три години.
Локалните ја опишуваат зградата како „Град -океан, изграден од човекот“.