Фотографиите кои ги носи српскиот портал „Blic“ може да видите како изгледа вилата во која Цеца со задоволство престојува секогаш кога нејзините обврски тоа ѝ го дозволуваат.
Пријателите на српската пејачка велат дека нејзината кипарска оаза се простига на 400 квадратвни метри, како и нејзината вила на Дедињ е многу раскошно опремена. Инаку, вилата во одморалиштето во Аја Напа, Цеца го купила на кредит во 2006 година.
Цеца со години ја посетува оваа островска земја и многу го засакала локалниот амбиент и стекнала бројни пријателства, а и нејзините деца биле школувани таму.
– Имам соседи од Иран, Кипар и Русија со кои имам одличен однос. Тука живеат луѓе на кои ништо не им значи мојата слава во Србија. Во Аја Напа е прекрасно летото, а ми одговара да одам таму кога ќе залади во Србија. Драгоцен ми е мирот кој го имам во мојата втора куќа- вели Цеца.
Интересно е што во дворот има капела насликана со фрески кои ја осветиле свештеници од Српската православна црква.
Семејството на Цеца исто така со задоволство доаѓаат на ова туристичко место на одмор, а некои од постарите членови на семејството постојано престојувале со децата на Цеца кои таму поминале 3 години на школување во познатото училиште Паскал.
Инаку, цените на недвижнините на ова популарно одморалиште, во завистност од локацијата се движат околи 150 илјади евра за помала куќа, па и до 2 милиони за најлуксузните вили.