„Where Children Sleep” е импресивен проект на фотографот Џејмс Молисон.Тој е роден во Англија, а во оваа серија фотографирал деца од целиот свет и нивните спални или места каде што спијат. Серијата од фотографии, собрани во книга, ги претставува спалните на децата од земји како Мексико, Италија, Кенија и многу други.
„Се надевам дека книгата дава поглед на животот, некои деца живеат на многу различен начин во целиот свет; ова е шанса да се одрази нееднаквоста што постои насекаде и да сфатиме каква среќа имаат повеќето од нас во развиениот свет ” , вели Џејмс.
За жал има деца кои немаат среќата да спијат во луксузни, топли и добро опремени детски соби, за разлика од другите, кои се навикнати да легнат навечер, мирни и стегнати со неколку ќебиња.