Погледнете како изгледа денес бебето од „The Hangover“

Дали се сеќавате на бебето Тајлер од првиот дел на „The Hangover“? Малиот Грент Холмквајст игра и во новото продолжение кое од 30 мај ќе може да го гледате во кино Милениум. Момчето сега има пет години.

Режисерот Тод Филипс одлучи да прикаже како денес изгледа бебето Тајлер, син на стриптизетата Џејд.

На аудицијата за неговата улога се пријавиле неколку момчиња, но Грент ја добил улогата.

bebe

Интересно е тоа што во неколку сцени во првиот дел на комедијата од 2009 година Грент го глумела неговата сестра близначка, Ејвери.

Малиот Грент најголемиот дел од снимањето на третиот дел на „The Hangover“ го поминал во друштво на Зак Галифианакис, кој глуми негов старател.

Прочитајте и:  Чепкалките со памук не се препорачуваат за детските уши

bebee

„Зак беше прекрасен кон Грент. Син ми го обожава и го вика Зеки“, рекла мајката на момчето на црвениот килим за премиерата на филмот.

o-THE-HANGOVER-570

- Реклама -