Веројатно на многумина им е позната фотографијата која често е нарекувана Бледа сина точка, што е прв поглед на нашата планета од далечните краеви на Сончевиот систем. Фотографијата е снимена со леталото „Војаџер 1„ која на 14 февруари 1990 година на дотогаш рекордна далечина од 6 милјарди километри со помош на 60 фотографии создаде мозаик на изгледот на Сончевиот систем.
Зад Нептун
Можеме да ја видиме земјата во таа снимка како мала сина точка, со големина од околу еден пиксел, центрирана во еден од светлосните зраци (слика подолу). Војаџер 1 тогаш беше надвор од Сончевиот систем, а НАСА, по барање на славниот астроном и популатор на наука, Карл Саган, му заповеда да ги сврти и насочи своите камери кон нашата планета за да ја долови последната слика на Земјата и огромниот Сончев систем.
Бледата сина точка што е едвај видлива на оваа фотографија, ни покажува нашата планета зад Нептун, осмата и последната планета на Сончевиот систем, пренесува Astronomy.com.
Поглед од Меркур
Како што напредуваше вселенската програма и како со вселенските летала достигнуваа до разни планети кои што заедно со Земјата се вртат околу нашето Сонце, така успеавме да имаме сè повеќе можност да ја набудуваме нашата планета од различни агли на универзумот.
На 6.05.2010 година леталото Mercury Surface, Space Environment, Geochemistry, and Ranging (MESSENGER) на НАСА направи фотографија од Земјата и Месечината додека се наоѓаше во орбитата на Меркур на одалеченост од 183 милиони километри од Земјата (слика доле).
Меркур е планетата најблизу до Сонцето и е скоро три пати помала од Земјата. Температурата на површината се менува од – 173 ° C ноќе на + 427 ° C на ден.
Поглед од Марс
Фотографијата на Земјата од Марс беше првата фотографија на нашата планета направена од друга. Фотографирана е на 3 октомври 2007 година од леталото Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) кое се наоѓа во орбитата на Црвента планета на одалеченост од 142 милиони километри од Земјата. На фотографијата се гледа западниот брег на Јужна Америка (слика подолу).
MRO подоцна сними и други фотографии од нашата планета (слика подолу).
Марс е четврта планета оддалечена од Сонцето и е скоро половина од големината на нашата планета.
Поглед на Сатурн
Вселенското летало Cassini за прв пат ја фотографираше нашата планета од Сатурн на 19 јули 2013 година на оддалеченост од 844 милиони километри (слика подолу).
Можете да ја видите земјата или малата сина точка под главните прстени на Сатурн F, G и E.
Кога Cassini по 20 години вселенско истражување требало да ја заврши својата мисија на 15 септември 2017 година, леталото на 12 април 2017 година ја сними својата последна слика на нашата планета додека е оддалечена 1,4 милијарди километри (слика подолу).
Сатурн е шеста планета во нашиот сончев систем. По волумен и маса е веднаш зад најголемата планета – Јупитер. Сатурн е гасен гигант кој се состои главно од водород и хелиум.
Најпознатата карактеристика на Сатурн се нејзините прекрасни планетарни прстени кои ја опкружуваат во 7 ленти, што ги означуваме со буквите А до G.