Погледнете како куче го промени животот на едно момче

Кучето Хатчи како мало кутре имал тежок живот. Некој суров човек го врзал малото кутре во јануари 2012 година за шини на железница. Било удрено од воз, тешко повредувајќи ја опашката и едната нога. По пет дена криејќи се го нашле членови на RSPCA кои му го спасиле животот. За жал, поради инфекција останало без опашка и една нога.

Овен Хокинс е седум-годишно момче кое страда од Шварц- Јампелегов синдром, ретка болест која се манифестира како постојана напнатост на мускулите кај заболените пациенти, и на ова дете му предизвикува силна болка.

 

Поради борбата со лошата болест момчето се повлекло во себе и се чини дека имал страв од своите врсници во училиштето и странци. Со помош на британската организација која се бори против убиство на кучиња во засолништата се сретнаа Хатчи и Овен. Така во неговиот живот влезе Хатчи, анадолско овчарксо куче кое му го променило животот- станале неразделни пријатели.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

– Ефектот на кучето врз Овен беше неверојатен. Пред Хатчи, Овен се плашел да ја напушти куќата, бил недоверлив кон непознати, а сега сака да разговара со сите кои се околу Хатчи, а понекогаш заедно одат на изложби. Разликата пред и по нивното здружување не може да се опише со зборови- објаснува мајката на момчето.

На возраст од 15 месеци, Хатчи има завршено обука за терапевтско куче. Ќе им помага на војниците со ампутирани нозе и смртно болните деца. Меѓународниот фонд за заштита на животните ја препозна оваа неверојатна приказна и го прогласи Хатчи за куче на годината. За пријателството меѓу детето и кучето е снимен филм и напишана е книга.

- Реклама -