Овој мини тенк изгледа како некаква обична играчка на далечинско управување, но всушност е толку извонреден што може да има милион примени.
Се вика Trailer Valet RVR robot-tank, го управувате на далечинско, и е всушност екстра-моќно возило со доволно сила да поместува приколки тешки и до 4 тона.
Специјализиран е за паркирање приколки во гаража (што може да е комплициран процес ако не знаете како да го правите), а го напојуваат 4 моќни мотори и „гасеници“ наместо тркала, кои му овозможуваат движење по секакви терени.