Возбудлива недела во семејстовто Кардашијан-Џенер, а по најавата дека Ким е повторно бремена почнаа гласини кои очигледно реалната ѕвезда не може повеќе да ги толерира.
Ким Кардашијан никогаш не била срамежлива околу својот живот, без разлика дали е деловен или приватен, а откога излезе веста дека таа и сопругот Канје Вест го чекаат и второто дете, не запира интересот за реалната ТВ ѕвезда.
34-годишната Ким имаше вистински испад на Твитер по лажните гласини околу нејзината бременост, а за нејзините објави се загрижија и од самиот Твитер кој директно ја прашале дали нејзиниот профил е хакиран или самата го објавува сето тоа. Излезе дека тоа се само мачнините од бременоста на Ким.
Сепак, иако го помина првото тромесечие, не се откажува од тесните секси фустани кои го истакнуваат нејзиното тело. Така, своите славни облини ги „пикна“ во латекс фустан со боја на кожа. Иако пред самото појавување во Нешвил се жалеше на гадење и мачнини, се чини дека на сето тоа заборавила со оглед на тоа што одлучила да се појави во секси издание.
Изгледа дека од Ким и во оваа бременост ќе ја видиме во нови модни елементи, но и испади. Баш е модерна трудница!