Пола век постоење на убавицата на Ламборџини

ca0815-219862_2[1]

Еден од најубавите модели на италијанскиот производител на спортски автомобили – Miura, дебитираше во 1966 година и се произведуваше до 1973 година.

Lamborghini Miura наполни 50 години, а кога се појави, во 1966 година, тоа беше најбрзиот сериски автомобил во светот.

Првично сила црпеше од 3.9 литарски V12 мотор со 350 КС (260 kW), а во 1969 доби уште 20 “коња”. Најновата верзија, Miura SV од 1971 година, располагаше со 385 КС.

За дизајнот е заслужна дизајнерската куќа Бертоне, а во текот на седумте години производство автомобилот доживеа малку стилски промени.

За да одбележи половина век од создавањето на овој модел, Lamborghini организираше симболично возење по алпските патишта, за две Miura обезбедени од страна на музејот на италијанската компанија.

Автомобилите го поминаа познатиот планински превој Свети Бернард, во знак на сеќавање на првите кадри од оригиналниот филм „The Italian Job“ од 1969 година.

- Реклама -