Полагање матура во Кина

gaokao-girls-prepare[1]
Последниот воз да се читне материјалот

Полагање матура и полагање матура во Кина ич не е исто. Во Кина ја викаат gaokao, а учениците поминуваат скоро половина од своите животи учејќи за тестот. Воведен е во 1952 година, како мерка за да се спречи јазот во можностите на сиромашните и богатите студенти во Кина.

Чекање ред за полагање
Чекање ред за полагање

Полагањето на матурата трае два дена – по 9 часа дневно, и покрива низа предмети, меѓу кои и кинеска литература и математика. Резултатите од тестот одредуваат кој од студентите ќе може да продолжи на факултет – тие што ќе поминат лошо на тестот ги губат шансите за диплома од некој од кинеските универзитети, а со тоа се соочуваат и со лоши перспективи за вработување. Секоја година, околу 9 милиони студенти конкурираат за помалку од 7 милиони студентски места.

Во меѓувреме, блиските и роднините чекаат надвор од рамките на центарот за тестирање и се молат нивните ученици да поминат добро
Во меѓувреме, блиските и роднините чекаат надвор од рамките на центарот за тестирање и се молат нивните ученици да поминат добро

Притисокот од полагањето е огромен. Очајните ученици прават сé што може да им помогне околу тестот. Тоа вклучува и земање на IV амино киселини кои ја подобруваат енергијата за учење, а и подложување на хипербарични кислородни комори – за намалување на стресот.

И учениците се молат
И учениците се молат

И покрај тоа, притисокот некогаш е едноставно преголем: Во 2011-тата, на првиот ден од испитите, ученикот Лу Пин скокна од шестиот кат на својот интернат.

wiping-tears[1]

Освен секаквите психички и психо-физички промени кај учениците, на деновите на полагањето комплетно се менуваат и градовите. Авионите ги менуваат рутите, фабриките се затворени, а свирењето со автомобили е забрането. За време на Летните олимписки игри од 2008, беше променета и рутата на носење на олимпискиот факел, сé со цел да не се вознемируваат учениците што го полагаа тестот.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

rain-umbrellas[1]

Настанот го обезбедува и полиција
Настанот го обезбедува и полиција

Здравиот разум би сметал дека вака ригорозна ситуација би била оправдана и со добри резултати. Но, прашање е дали е така. Пред сé, тестот е критикуван затоа што форсира меморизација т.е. учење на памет, а не учење со разбирање.

Не смееш да заебеш, макар научил и сé на памет
Зезнеш ли, нема назад

Веќе рековме, тестот има страшен импакт врз емотивната и здравствената состојба на учениците што го полагаат, а е и дискриминаторски, затоа што е базиран врз регионален квота систем. Како резултат, многумина повикуваат на крај на гаокао.

Поддршка во секаква форма
Поддршка во секаква форма
Некогаш има и навивачи (тивки, се разбира)
Некогаш има и навивачи (тивки, се разбира)

Еден кинески водител на ток шоу во една прилика праша: „Зарем нема начин да избегнеме нашите помлади генерации, иднината на нашата нација, да растат во така застрашувачка, очајна и сурова атмосфера?“.

Редење ориз на табла за оценување - пандан на она кога мајка ти ти истура вода зад пети на почеток на школска година
Редење ориз на табла за оценување – пандан на она кога мајка ти ти истура вода зад пети на почеток на школска година

Во крајна сметка, и самите бројки водат кон укинувањето на гаокао. Сé помалку ученици се решаваат да го полагаат тестот – во Пекинг, Лиаонинг и Џиангсу до рекордно ниско ниво, а неодамна месецов и самите експерти од полето на образованието побараа од универзитетите да почнат да бараат други методи на регрутирање, за да го задржат бројот на ученици што се запишуваат на факултет.

Тие што ќе поминат, ги слават своите учители како херои
Тие што ќе го поминат тестот ги слават своите учители како херои
Башка им помага и да се ослободат од стресот по полагањето
Им помага и да се ослободат од стресот
Значи, ептен се радосни
Значи, ептен се радосни
- Реклама -