Поларна светлина се гледа и во нашиот регион, што се случува со Сонцето?

Научниците на НАСА појаснија дека сегашниот соларен максимум, кој започна пред две години, би можел да трае уште некое време и дека конечната потврда ќе зависи од понатамошната анализа на досега собраните податоци. Како по правило, оваа фаза трае меѓу три и четири години, според научниците.

Сончевата активност следи 11-годишен циклус, флуктуирајќи помеѓу периоди на смиреност и зголемена активност. За време на сончевиот максимум се случуваат соларни изливи и таканаречени коронални масовни исфрлања, кои доведуваат до почести геомагнетни бури и поради што се забележува поларна светлина и аурора, пишува агенцијата Ројтерс.

„Оваа објава не значи дека ова е врвот на сончевата активност што ќе го видиме во овој сончев циклус“, рече Елсајед Талат, директор за вселенска метеорологија во Националната агенција за океани и атмосфера (NOAA).

„Иако Сонцето го достигна периодот на сончевиот максимум, моментот кога ќе го достигне својот врв не може да биде точно идентификуван“, додаде тој.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Во изминативе неколку дена црвени и зелени поларни светлини беа видени во многу делови од светот, од Германија, САД, Велика Британија, Медитеранот, па дури и во Македонија.

Овие природни светла се појавуваат кога честичките од сонцето доаѓаат во контакт со магнетното поле на Земјата и предизвикуваат геомагнетни бури.

Иако веројатноста за овие шарени светлосни прикази се зголемува за време на врвот на сончевата активност, научниците на НАСА објаснуваат дека поларната светлина може да се видат и за време на намалувањето на сончевите циклуси.

- Реклама -