Гласините дека тјунинг и моторспорт компанијата Polestar ќе доработува уште два модели на Volvo ги израдува обожавателите на шведската марка.
Сега тие се потврдени, односно станува збор за популарните V40 и XC60.
Според публикации во шведскиот печат, претстојната трансформација на V40 е сигурен проект, но за XC60 ќе мора да се почека. Дерек Краб, секако мошне влијателен во шведската компанија, објасни дека тоа не е се „баш така“.
– Работите се малку посложени, ако направите анкета на секој поединечен пазар кој точно модел на Volvo фановите сакаат да е доработен од Polestar, ќе добиете различни резултати, некои посакуваат V40, други XC60, трети S60, објасни Краб и не сакаше да потврди дали информациите за доработката на V40 и XC60 е точни.
Тој даде дури и дополнителни информации, од кои навистина не може да се потврди дали ќе пристигнат засилени V40 и XC60, дека следниот модел на кој ќе се посветат специјалистите на Polestar ќе се движи од четирицилиндерски сериозно доработен мотор, а не од верзија со 3,0 литарски агрегат со шест цилиндри, бензински турбо мотор кој се користи кај S60 и S60 Polestar. Според него, новиот мотор ќе има перформанси, кои се многу блиски до оние на шестцилиндерскиот мотор, а со многу пониска потрошувачка.