Полињата на јапонските фармери ќе ги чуваат волци-роботи (видео)

Во раните 1800-ти години, во Јапонија се одвиваше државна кампања за истребување на волците. Тоа и го направија, а денес, како резултат, Јапонија е преплавена со елени и диви свињи. И едниве и другиве милуваат да роварат по полињата на фармерите, па Јапонците создадоа робот да ги замени волците што еднаш ги уништија.

Роботот-волк се покажа толку ефикасен, што веќе следниот месец почнува масовно производство.

Голем е 65 сантиметри, колку вистински волк. Користи соларни самополначки батерии, а детектира натрапници со инфрацрвен сензор.

Штом ќе детектира живо суштество во близина (има оперативен радиус од 1 километар), роботот почнува да емитира широк дијапазон на звуци, од пукотници од пиштол, преку завивања на волци, сé до човечки гласови – со цел да го избрка животното, а богами и секој човек што ќе налета во близина без да има појма што го чека.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

 

- Реклама -