Политико: Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави денеска неименуван извор за Политико.

Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.

Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.

Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг,  дизајнирани да бидат попрецизни.

Администрацијата, исто така, ставила во мирување неколку тековни директни комерцијални продажби за Израел.
Иако администрацијата на Бајден формално не ја негираше потенцијалната продажба, таа во суштина презема акција преку неактивност – задржување на одобренијата и другите аспекти од процесот на трансфер на оружје – за да испрати порака до Израел, изјави за Политико официјален претставник на американската администрација запознаен со процесот. 
Политико наведува дека се чини дека ова е првпат американската администрација да одложи потенцијална  продажба на оружје за Израел откако Хамас нападна во Израел на 7 октомври. Претседателот Џо Бајден е под притисок од некои во неговата партија да постави услови за помош на Израел по израелските бомбардирања во Газа каде има големи жртви меѓу цивилите, а откако Израел погоди хуманитарни конвои штодоставуваат помош до енклавата.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -