Полицијата ги прегледала снимките, уште една кривична во колекцијата на Нефи Усеини

Иако според тврдењата на нападниот Спире Топалоски Нефи Усеини вршел притисок врз хотелот каде бил претепан да ги уништи/сокрие снимките од надзорните камери, полицијата сепак ги одземала снимките. По прегледување на истите, охридската полиција констатирала дека бил употребен пиштол при нападот на Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, дознава „А1он“.

Во изјава за порталот, Топалоски тврдеше дека е решен случајот да го тера до крај и дека мора да му се стави крај на самовластието на Усеини, пред сѐ мотивиран од тоа што Усеини пиштолот прво го извадил и вперил кон неговиот 14-годишен син. Топалоски тврди дека добил уверување и од полицијата, кога го пријавувал случајот, дека и тие нема да попуштат.

Освен прегледаните снимки, полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во време кога Топалоски бил нападнат. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.

Инаку, ова не е прв инцидент, ниту пак ќе биде прв предмет што Обвинителството го отворило против Нефи Усеини, озлогласениот советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ, познат и по дивоградбите во појасот заштитен од УНЕСКО. И по повеќе од една година, сите предмети отворени против него во охридското Обвинителство тапкаат во место. Повеќе ТУКА.

- Реклама -