Полнет перек

За да си подготвите вкусен перек по дома, потребно ви е:

За тесто:

800 г. брашно

200 мл. јогурт

2 јајца

1 лажица сол

1 свеж квасец

200 мл. вода

100 мл. масло

За фил: 

100 г. кашкавал

200 г. шунка во црево

100 мл. павлака

50 мл. кечап

1 лажица сол

малку оригано

Подготовка
Замесете тесто од наведените состојки и оставете да отстои додека не нарасне. Сирењето (кашкавалот) и шунката исечете ги на ситни коцки па помешајте ги со солта, кечапот и павлаката.

15326-punjene-perece-1

Исечете со нож и обликувајте перек. Ставете на хартија и премачкајте со зејтин. Печете во загреана тепсија додека не зарумени.

15326-punjene-perece-2

 

- Реклама -