Полнети плескавици

Направете ги обичните плескавици повкусни. Изненадете ги домашните за ручек со плескавици полнети со кашкавал и сланина.

Состојки: 1200г. мелено месо, 4 печени црвени пиперки, 120 г. рендан кашкавал или исечен на парчиња, 200 г. сланина, 100 г. рен, 4 чешниња лук, 4 главици кромид.

Подготовка; Меленото месо измешајте го со лукот и кромидот кои претходно треба ситно да ги исечкате, па поделете ја смесата на четири дела. Секој дел сплескајте го во форма на круг и на средината ставете пиперка, малку кашкавал, рен и сланина. Краевите на местото свиткајте ги кон средината и со влажни раце обликувајте плескавица. Направете го тоа со сите четири делови. Пржете ги плескавиците додека не заруменат.

Може да ги сервирате со помфрит или со печен компир.

Пријатно!

- Реклама -