Полска го укинува данокот на доход за младите, за да го спречи иселувањето

Полскиот парламент ги одобри мерките со кои повеќето млади работници би биле ослободени од обврската за плаќање на данокот на доход. Целта е да се спречи иселувањето на младите во другите земји од Европската унија во потрага по подобра плата.

Конзервативците на власт предложија од обврската за данок на доход по стапка од 18% да се ослободат помладите од 26 години, чии годишни примања не надминуваат 85.500 злоти (околу 20.000 евра). Тој износ е поголем од просечната (да, од просечната, не од минималната) плата во Полска, која според одредени проценки изнесува околу 60.000 злоти годишно, пред да биде одземен данокот.

Долниот дом на полскиот парламент мерката ја одобри во четвртокот навечер, со големо мнозинство гласови. Се очекува мерката да помине и во горниот дом, како и да биде потпишан од претседателот Андржеј Дуда. Се очекува оваа мерка да ја искористат околу 2 милиони млади Полјаци.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Мерката беше едно од ветувањата на владејачката партија Право и правда, дадени во кампањата пред изборите во Европскиот парламент, но и овогодишните парламентарни избори во Полска, кои треба да се одржат на крајот на годината.

 

- Реклама -