Одбојкарите на Полска се пласираа во финалето на Олимписките игри во Париз, откако со 3-2 во сетови беа подобри од САД.
Првиот сет донесе возбудувања на теренот, а Полска го доби со 25-23, по што Американците возвратија во следниот со 27-25.
САД се разигра во третиот сет, каде што беше одличен во нападот и со 25-14 направи целосен пресврт, но Полска собра сили и успеа со 25-23 и 15-13 да стигне до финале.
Полска со тоа стигна до првото финале на Олиписки игри по пауза од 48 години, откако во 1976 година го освои златниот медал.