Полското МНР: Проектил „од руско производство“ падна во Пржеводов

„Проектил од руско производство“ бил причината за експлозијата во полското село Пржеводов, на 8 километри од границата со Украина, соопшти доцна во вторникот полското МНР, пренесува CNN.

„Во 15:40 часот (локално време) во селото Пржеводов… падна проектил од руско производство, убивајќи двајца државјани на Република Полска“, соопшти Лукаш Јасина, портпаролот на полското МНР.

Меѓутоа, во соопштението не е наведен моделот на проектилот, ниту пак е наведено од каде бил лансиран.

Полското МНР исто така информираше дека го повикало рускиот амбасадор во земјата и од него било побарано итно и детално објаснување.

Прочитајте и:  Поделени мислења во ЕП: Едни бараат безрезервна поддршка за Украина, други обвинуваат и предупредуваат на нуклеарна апокалипса
- Реклама -