Полуголи демонстранти прекинаа седница во британскиот парламент (ФОТО)

Група полуголи демонстранти упаднале во британскиот парламент попречувајќи ја седницата на која се дискутираше како и дали воопшто Британија треба да ја напушти Европската Унија, пренесува Ројтерс.

По голите тела на демонстрантите биле испишани паролите „климатска правда, веднаш“, а целта, како што велат, била да се привлече вниманието на политичарите кон климатската и еколошката криза.

По интервенцијата на полицијата, уапсени биле 12 лица, членови на еколошката група „Побуна против истребувањето“. Дел од нив со лепак си ги залепиле дланките за стаклената галерија, па инцидентот траел околу 25 минути.

Дел од пратениците со љубопитство го чекале исходот, а дел и се смееле, пренесува Ројтерс.

 

- Реклама -