Чарлс Картер, турист од САД, судејќи по печатот од Граничната полиција на БиХ, во Босна влегол на 32 март.
Раскажува дека поминал неколку сјајни денови во Сараево, каде што го воодушевиле босанските јадења и знаменитостите на главниот град, ама феноменот при поминувањето на границата му е главен хајлајт од патувањето, кога на граничниот премин кај Зворник, полицаецот му лупнал печат со датум 32 март.
32 март, кога ќе размислиш, ќе му дојде 1 април. Оди па после не ги сакај Босанците и нивниот хумор.