Поминување само на зеленo

introlight.jpg Да. Еве и тоа стана возможно. Без колони на семафорите и без нерви. Изгледа дојде време да му се потсмеваме на црвеното светло и понекогаш да застанеме и да го чекаме… чисто за забава.

Да. Еве и тоа стана возможно. Без колони на семафорите и без нерви. Изгледа дојде време да му се потсмеваме на црвеното светло и понекогаш да застанеме и да го чекаме… чисто за забава.

За сето ова би требало да му се забалгодариме на германскиот производител на Аudi кој развил нов уред наречен Travolution, кој што се вградува во автомобилот, грижејќи се автомобилот да пристигне на семафор секогаш кога е зелено. 

audi_travolution.jpg

Уредот работи на тој принцип, така што во семафорите се вградени други уреди кои го известуваат Travolution-от за нивната состојба и за оддалеченоста на автомобилот од нив.

Со овој потег, покрај големата помош што им ја нудат на нивните потрошувачи, исто така се намалува и загадувањето на воздухот околу раскрсниците.
Travolution работи на WAN технологија и бил создаден во соработка со Техничкиот факултет од Минхен. Првичните тестови поминале во најдобар можен ред, па се очекува Audi оваа технологија да започне да ја применува веќе следната година.

Иако идеата им е одлична и дефинитивно би била олеснување на возачите посебно во поголемите градови, но што би се случило кога некоја бабичка застане пред вас со автомобил далеку постар од вашето Audi? 

deadlock.jpg

 

- Реклама -