„Поништените“ пoмилувaњa на Иванов повторно во фокус, ќе куpтулaт ли сите ocудени и oбвинeти од СЈО?

Уставниот суд ја стави на дневен ред иницијативата за членот 11-а од Законот за помилување од 2016-та година, кој поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов го искористи за да ги поништи помилувањата од април 2016-та за 56 обвинети функционери, меѓу кои и речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Со ваквиот потег на Уставен се разгopeа сомнежите дека при укинување на членот со кој се поништени, се враќаат на сила помилувањата со кои од кривичен пpoгон ќе кypтулат речиси сите обвинети и ocoмничени во предметите на СЈО.

Според Уставните судии, членот 11-а е спорен затоа што според Уставот претседателот нема можност да го повлече веќе даденото помилување, бидејќи тоа доведува до нееднаков третман на субјектите и ја нарушува правната сигурност на граѓаните. Можност за повлекување на помилувањето нема ниту во законодавствата на низа земји членки на ЕУ од кои уставните судии побарале мислење.

Членот 11-а беше уфрлен во 2016-та година, откако Иванов ја донесе одлуката за аболиција, по која следуваа силни реакции во домашната но и меѓународната јавност. Со членот 11-а се овоможи Претседателот да поништи дадено помилување во рок од 30 дена откако лицето за кое е дадено помилувањето го побара тоа од претседателот. Сепак, според Уставен, ваквото законско уредување излегува надвор од дадените надлежности на претседателот.

Аболицијата на Иванов, од друга страна, беше спорна затоа што се базираше на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година. Во 2009 година беа донесени законски измени со кои беше избришан членот 11, но во 2016-та, по поднесена иницијатива, Уставниот суд ги укина сите измени и дополнувања од 2009-та. Кај правните експерти се јави дилема и различни толкувања. Дел од правната фела тврдеше дека одлуката на Уставен значи дека се враќа во сила претходната состојба на Законот, во која членот 11 постои, додека другиот дел од експертите тврдеа дека укинувањето на измените од страна на Уставен не го враќа во сила членот 11, бидејќи тоа може да го направи само Собранието.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

Одлуката на Уставен на дневен ред да го стави членот 11-а со образложение дека претседателот не може да повлече еднаш дадена амнестија, практично значи дека Уставен го прифаќа постоењето во сила на членот 11 врз основа на кој Иванов ја дал аболицијата. Аболицијата ја прифаќа и Врховниот суд на Грција, кој лани во мај не дозволи екстрадиција на сега ocyдените за масовното прислушување Горан Грујевски и Никола Бошкоски, токму со образложение дека аболицијата на Иванов продолжува да важи бидејќи во време на нејзиното донесување не постоел членот 11-а, односно немало законска можност за нејзино поништување. Членот 11-а, додаваат, како и сите други закони и прописи, според македонскиот Устав не можат да имаат ретроактивно дејство освен во случаи по исклучок, кога тоа е поповолно за граѓаните.

Оттаму, не е спорно дека аболицијата на Иванов постои. Клучното прашање сега, според „Фокус“, кое ќе одреди дали помилувањата повторно ќе станат активни, е дали членот 11-а ќе се поништи или ќе се укине. Ако се поништи, како и со секој друг член, ретроактивно ќе се поништат и сите последици кои претходно биле предизвикани, односно ќе заживее аболицијата, ќе се поништат сите пpecyди и од кривичен пpoгон ќе се ослободат сите функционери обвинети и ocoмничени од страна на СЈО. Истите, додава „Фокус“, ќе имаат право да побараат и обeштетување. Доколку пак членот 11-а се укине наместо да се поништи, одлуката ќе нема ретроактивно дејство, што значи дека помилувањата од Иванов остануваат поништени. Укинувањето ќе важи само за во иднина, односно актуелниот и идните претседатели ќе немаат право на поништување на дадено помилување.

- Реклама -